Време на читање 2 мин
1. Вашиот веб сајт не изгледа добро на мобилен
Денес сите користиме телефони за пребарување, така што ако вашата веб страна не изгледа и не функционира добро на мобилни уреди, тоа е голем проблем. Замислете го чувството на корисник кој треба да се мачи со зумирање и преместување за да прочита нешто – тоа е знак дека ви треба нова веб страна.
2. Веб страната ви е бавна и споро се отвара
Нема ништо пофрустрирачко од страница која се вчитува долго. Ако и вашата веб страна е меѓу нив, корисниците веројатно нема да чекаат – тие ќе заминат на друга, побрза страница. Брзината е клучна за задоволството на корисниците и за да останат на вашиот сајт.
3. Изгледот на веб страната ви е застарен
Дали вашиот сајт изгледа како да е направен во минатиот век? Ако да, време е за освежување. Модерен, чист и интуитивен дизајн е важен за да ги привлечете посетителите и да им оставите позитивен впечаток за вашиот бизнис.
4. Тешко ви е да го одржувате сајтот
Ако секоја промена на содржината бара многу време и нерви, можеби ви треба нова веб страна со полесен и поинтуитивен систем за управување со содржина. Вашата веб страна треба да работи за вас, а не обратно.
5. Не сте видливи во пребарувачите
Дали вашиот сајт е тешко да се најде на Google? Ако не се појавувате на првите страници, тоа е знак дека вашиот сајт има проблеми со SEO оптимизацијата. Новиот сајт може да ви помогне да се рангирате повисоко и да привлечете повеќе посетители.
Ако се препознавате во некој од овие знаци, време е да размислите за нова веб страна која ќе ги задоволи потребите на вашите корисници и ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели.