Време на читање 3-5 мин
Онлајн продажбата е зголемена од 65% на 89% во 2020 година

Луѓето сè почесто пазарат онлајн
Во денешно време луѓето купуваат работи преку Интернет повеќе од кога било. Податоците покажуваат дека 80% од луѓето со пристап до Интернет извршиле онлајн купување, а 67% од милениумците (генерации родени приближно помеѓу 1980-тите и 1990-тите) претпочитаат да купуваат онлајн отколку во продавница. Од друга страна, потрошувачите сè почесто пазарат онлајн наместо во продавница како резултат на новата епидемија на коронавирус (КОВИД-19). Несомнено е дека Ковид-19 ја забрза транзицијата кон дигиталниот свет. Затоа побарајте понуда за сопствена онлајн продавница, и бидете пред конкуренцијата.
Интернет продавницата ви заштедува пари
Првичната инвестиција за основање на онлајн продавница е многу помала во споредба со онаа за формирање на физичка продавница. Доколку сте почетник или имате помал бизнис, ова секако е особено значајно за Вас. Со отварањето на онлајн продавница заштедувате на трошоците за изнајмување на просториите, реновирањето на просториите, мебелот и залихите. Од друга страна, трошоците и одржувањето на вашиот веб шоп, заедно со инвестициите во сите стратегии за дигитален маркетинг се само мал дел од цената во споредба со работењето со физичка продавница.

Вашата онлајн продавница е отворена за клиенти цело време
Интернет продавницата е отворена 24 часа на ден, 365 дена во годината, без потреба да ангажирате премногу луѓе за управување со продажбата. Благодарение на автоматските процеси, можете да се фокусирате на која било друга работа и задачи што ги имате при рака. Клиентите ги избираат производите, тие плаќаат, а уплатата ја имате на вашата сметка. Дури и потврдите за наплата се генерираат автоматски. Ако вашата цел е да ја зголемите продажбата, побарајте понуда за изработка на веб продавница што е можно поскоро.

Веб продавницата нема географски ограничувања
Ова е исто така една од најголемите причини зошто Вашиот бизнис има потреба од интернет продавница. Во суштина, со ваквата продажба не мора да се ограничувате на една специфична локација. Наместо тоа, можете да стигнете до вашиот целен пазар на меѓународно ниво, без да мора да отворите физичка продавница. Тука е уште подобро да поработите на позиционирањето на Google на вашата онлајн продавница со цел да ги достигнете потенцијалните клиенти каде и да се. Живееме во време кога скоро 80% од продажбата доаѓа од пребарување на Google.
