Цени за изработка на веб страни и веб услуги
Цена за изработка на веб страна – Веб сајт зависи од комплексноста и големината.
Цена за изработка на веб страна
Веб дизајн цени
Веб дизајнот е област која постојано расте и се менува. Секојдневно се трудиме да бидеме во чекор со светските трендови. Наша задача е да Ви овозможиме квалитетни и професионални веб услуги.


Колку чини изработка на веб страна?
Во зависност од комплексноста на содржината, структурата и времето потребно за изработка на една веб страница се движи и нејзината цена, почнуваат од 350 па до 1500 еур Контактирајте не уште денес и дознајте се што ве интересира во врска со понудата и цената за веб страна.
Од што зависи цената?
Цената за изработка на веб страна зависи од неколку главни фактори: комплексност на дизајн, обем на веб страна, функционалности и додатоци. Повеќе инфо за главните фактори за цената можете да прочитате овде
Онлајн присуство на Интернет 24/7
Секогаш достапни информации за клиентите
Лесно достапни и видливи за пошироката јавност
Веб страни со респонсивен дизајн
Зајакнување на брендот online
Изгледате професионално пред своите клиенти
Сите информации и услуги на едно место
Полесен начин клиентите да ве контактираат
Побарајте понуда за изработка на веб страна и добијте бесплатна анализа и проценка на Вашите барања. Ви нудиме креативни, модерни и пред се квалитетни веб решенија, и сето тоа по фер и реални цени за нашиот пазар.
Често поставувани прашања за цената и процесот на изработка
Колку чини изработка на веб страница?
Цена за изработка на веб страница зависи од повеќе фактори. Секоја веб страна е различна и бара различни компоненти; ние дизајнираме и развиваме сопствени веб страници специјално за вашиот мал бизнис. Ќе ви поставиме прашања и според нив ќе ги процениме вашите потреби. А потоа ќе ви дадеме понуда заснована врз таа проценка. Цената на повеќето од нашите страници се движи во опсег од 350 до 1500еур, но може да варира зависност од потребите.
Колку долго трае изработка на веб страни?
Траењето на изработката зависи од комплексноста на проектот. На пример најосновниот веб сајт се изработува во рок од 15 дена. Побарајте понуда денес!
Дали ќе можам сам/а да ја ажурирам страницата откако ќе се изработи?
Да! Со нашите веб страни е лесно да се менаџира и работи. Со помош на презентација ќе ви помогнеме да се запознаете со тоа како функционира системот на самата веб страна. После тренинг сесијата ќе бидете спремни сами да ја ажурирарте содржината: да менувате слики, текстови, да додавате новости и слично.
Дали мојата ново изработена веб страна ќе може да се гледа од мобилен телефон ?
Апсолутно! Да се има веб страница која е видлива на мобилни телефони е поважно од било кога! Ние работиме напорно за да обезбедиме вашата веб страница да изгледа одлично на различни уреди.
Што ќе ни биде потребно од вас пред да започеме со изработка на веб страница?
Пред да се почне со изработка на веб страница од вас ни е потребно:
-Слики од вас и вашиот тим
-Слики од вашето работно место
-Содржина за веб страницата, текст за компанијата, текстови и објаснување за услугите
-Видеа и слики што сакате да ги додадете на веб страницата


