Од што зависи цената на веб страните и веб продавниците?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on email

Време на читање 3-5 мин

Дизајн

Еден од најважните фактори што треба да се земат предвид за вашата нова веб страница е дизајнот. Дали сакате стандарден, генерализиран изглед или би претпочитале несекојдневен, единствен дизајн кој ја рефлектира уникатноста на вашиот бренд?

Вид на веб страна

Видот на веб страната која ви е потребна е уште еден од главните фактори кој влијае на цената за изработка. Зависно од Вашите потреби, цената може да варира. Таа се оформува во зависност од тоа дали ви е потребна basic веб страница, едноставен блог или пак веб продавница.

Број на внатрешни страници

Внатрешни страници се оние на кои треба да внесете текстови и мултимедијална содржина. Можеме да кажеме дека ова е трет позначаен фактор за одредување на цената на веб страната. На одредени клиенти им е потребна Basic веб страница, која содржи до 5 внатрешни страници. Но, доколку се занимавате со поголема индустрија, односно нудите поголем број услуги или производи, потребни ви се повеќе внатрешни страници.

Додатоци и функционалности

Постојат многу додатоци кои ја прават вашата веб страна да биде уште полесна за користење од страна на клиентите. Можеби имате потреба од онлајн чат, блог, резервација на термини или пак систем за онлајн плаќање. Сите овие функционалности влијаат на цената на самата веб страница.

Повеќејазичност

Вашите материјали (информации,услуги, контакт форми) за веб страницата можат да бидат објавени на повеќе јазици. Со самото додавање на повеќе јазици (два или повеќе) се разбира, и цената на самиот проект расте.

Одржување

Откако една веб страна ќе се изработи, најчесто имате опција да изберете дали би сакале одржување на истата. За ова прашање, би можеле да кажеме дека е опционо, но ПРЕПОРАЧЛИВО од наша страна. Со одржувањето добивате редовно ажурирање на веб страната, постојан мониторинг, како и редовен back-up на веб сајтот.

SEO оптимизација

Исто како и со одржувањето, сметаме дека SEO оптимизацијата е клучна за успехот на една веб страница. И оваа услуга е опциона, и секако дека вашиот избор ќе влијае на цената за веб страна. Меѓутоа, доколку вашата цел е да бидете на врвот и да достигнете трајни резултати во вашиот бизнис, оваа услуга е вистинска за вас.