Време на читање 3-5 мин
Проширете ја листата на клиенти
Откако е прогласена COVID-19 пандемијата, пребарувачите, како Google, овозможија одредени производи и услуги да бидат полесно достапни на Интернет. Луѓето се повеќе се одлучуваат да пазарат онлајн, бидејќи во оваа ситуација ова е најлесен и најбезбеден начин. Со добра маркетинг стратегија и SEO ја зголемувате Вашата видливост и рангирање на листата на Google. На тој начин, расте и Вашата листа на потенцијални клиенти, бидејќи веќе не сте ограничени на Вашиот град или држава. За Вас може да слушне целиот свет!

Достапни секогаш, секаде!
Една од најголемите придобивки од поседувањето на веб страница за време на оваа пандемија е тоа што е достапна во секое време и на кое било место. Веб страната нема физички ограничувања или работно време. Веб страницата Ви овозможува да се претставувате, да споделувате за вашите производи или услуги 24/7. Вашиот бизнис е достапен во секое време, без оглед на мерките поврзани со COVID-19 кои можат да влијаат на начинот на работење.
Неограничен извор на информации

Подобрување на услугата за клиентите
Вашата веб страница може буквално да ја подобри услугата која им ја нудите на Вашите клиенти. Постојат корисни функции и алатки на Вашата веб страна кои може да ја подобрат и зголемат интеракцијата со Вашите клиенти. Онлајн чат, формите за контакт или анкети за повратни информации помагаат тие побрзо и полесно да доаѓаат до саканите информации. На пример, со додавање на поле “Најчесто поставувани прашања”, Вашите клиенти можат да најдат одговори на нивните прашања во секое време.
