Време на читање 2 мин
1. Безбедноста почнува уште при изработката на веб страната
Многумина мислат дека безбедноста доаѓа на ред дури откако ќе се пушти страницата „во живо“. Но вистината е дека многу важни чекори се прават уште при самата изработка.
Еве на што треба да се внимава:
• Избор на сигурна платформа – како WordPress, Shopify или друга која има добра поддршка и редовни ажурирања.
• Користење на проверени теми и додатоци (plugins) – избегнувајте бесплатни или пиратски верзии од непознати извори.
• Вклучување SSL сертификат од самиот старт – за да биде врската шифрирана од првиот ден.
• Организирана структура на кориснички пристапи – секој кој има пристап до админ панелот треба да има соодветна улога (админ, уредник, итн.)
• Ограничување на бројот на обиди за најавување (login attempts) – ова е едноставна, но моќна заштита од автоматски хакерски напади.
Ако безбедноста се вгради од самиот почеток, понатамошното одржување станува многу полесно, а шансите за проблеми – многу помали.
2. Основна заштита на корисничките сметки
Корисничките сметки – особено администраторските – се прва линија на одбрана на вашата веб страница. Ако не се заштитени како што треба, дури и најбезбедниот систем може да биде компромитиран. Еве неколку практични совети:
• Силни лозинки – избегнувајте едноставни лозинки како „admin123“ или „password“. Користете комбинација од големи и мали букви, бројки и специјални знаци.
• Двофакторска автентикација (2FA) – ова значи дека освен лозинка, ќе треба и код испратен на мобилен или email, што ја зголемува безбедноста.
• Редовна промена на лозинки – особено ако повеќе луѓе имаат пристап.
• Секој корисник со посебен профил – немојте да делите една лозинка меѓу повеќе луѓе, секој треба да има свој пристап со ограничени права.
3. Резервни копии (backups)
• Автоматски backup – најдобро е да се прават автоматски копии секој ден или недела, во зависност од активноста на страната.
• Копиите да се чуваат надвор од серверот – користете cloud решенија како Google Drive, Dropbox или Amazon S3.
• Тестирање на враќање од backup – важно е да знаете не само дека имате копија, туку и дека можете да ја вратите без проблем.
4. Заштита од надворешни напади
Освен класичната заштита со лозинки, важно е веб-страницата да биде подготвена и против „ботови“ и автоматски напади, кои може да ја забават или целосно да ја урнат. Затоа, при изработка е потребно да се постават неколку дополнителни слоеви на заштита:
• Треба да се постави безбедносен firewall, кој ќе го филтрира сомнителниот сообраќај и ќе ги блокира потенцијалните закани уште пред да стигнат до самата страница.
• Корисно е да се ограничи пристапот до админ-панелот, така што пристап ќе имаат само од сигурни локации или IP адреси.
• Пожелно е да се вклучи систем за следење на најави и активности, за навремено да се забележи секој сомнителен обид за пристап.
• На контакт формите треба да се додаде reCAPTCHA, со што се спречува автоматизирано праќање спам и злоупотреба на формуларите.
Овие мерки се стандардна пракса за секоја сериозна веб-страница и се поставуваат уште при самата изработка, за да биде страницата подготвена од првиот ден.
5. Не мора вие да се грижите - QWERTY.MK е тука за вас!
Вие само фокусирајте се на развојот на вашиот бизнис, а ние ќе се погрижим вашиот сајт да биде сигурен и секогаш достапен.
• Заштита од хакерски напади – Поставуваме firewall и ги блокираме непознатите пристапи.
• Заштита на кориснички сметки – Вклучуваме двофакторска автентикација и силни лозинки.
• SSL сертификат – Инсталираме SSL за заштита на податоците.
• Редовни резервни копии – Поставуваме автоматски и безбедни backup решенија.
• Ажурирања на платформа и додатоци – Редовно ги инсталираме сите безбедносни исправки.
• Заштита од спам и ботови – Додаваме reCAPTCHA и други филтри.
• Ограничување на пристапот до админ панелот – Пристап имаат само овластени корисници.
• Следење на активностите – Мониторинг и известување за сомнителни обиди.
• Оптимизација на перформансите – Секогаш се грижиме сајтот да работи брзо и безбедно.
• Сèопфатна поддршка и одржување – Ги следиме сите безбедносни и технички аспекти постојано.






