5 Причини зошто е значајно редовното одржување на вашиот веб сајт

Време на читање 3-5 мин

Безбедноста пред сè!

Главна причина за редовно и правилно одржување на веб страната е безбедноста. Многумина мислат дека нивниот веб сајт не може да биде хакиран. Постојат различни причини што вашата веб страна може да биде хакирана. Но, најчесто е поради една заедничка причина – постара, неажурирана страница. Веројатноста за хакирање на постара страница е многу поголема поради тоа што има помалку безбедно кодирање и модули кои не се ажурирани. Ние вршиме редовно ажурирање, постојани безбедносни проверки и мониторинг на Вашата веб страница.

Обезбедување на најдобро можно искуство за клиентите

Ако темите на Вашата веб страна се застарени, тие може да не се прикажуваат правилно на новите верзии на веб пребарувачите и мобилните уреди. Кога вршиме редовно одржување на вашиот веб сајт, можете да бидете сигурни дека најактуелната верзија е инсталирана и истиот работи правилно. Освен тоа, значајно е да ја одржувате “свежа” содржината на Вашата веб страница. Тоа значи редовно да се ажурираат фотографии, текст, информации и сл. со цел клиентите да стекнат доверба во Вашите услуги.

Повисоко рангирање на Google - SEO

Дали знаевте дека алгоритмите на Google сакаат нова, свежа содржина? Ако редовно ја ажурирате својата веб страница, рангирањето на истата ќе се подобри и како резултат на тоа, вашата веб страна ќе добие повеќе посетители.

Back-up на базата на податоци на веб сајтот

Последното нешто што сакате да се случи е да ги изгубите сите информации на вашата веб страница. Во најлош случај (хакирање на Вашата веб страна) доколку немате резервна копија од нив, би Ве чинело многу време и пари реконструкцијата на Вашиот веб сајт. Ние Ве заштитуваме од таквите ситуации, такашто редовно вршиме зачувување на резервна копија од базата на податоци на сајтот.

Покажете им на клиентите дека се грижите за нив

За Вашите постоечки клиенти е многу значајно да им понудите свежа, оригинална содржина. Тие ќе ги прегледуваат и споделуваат вашите нови содржини во случај да им се допаѓаат и ова ќе ви помогне да го направите вашиот бизнис попопуларен. А сето тоа ќе го постигнете само доколку имате редовно одржувана и ажурирана веб страна , без проблеми 24/7.

Можеби ќе ве интересира