Изработка на онлајн продавница

Време на читање 3-5 мин

Изработка на Веб Продавница за вашиот бизнис

Во денешно време да имате онлајн продавница е исто толку важно (и ако не и повеќе) отколку да имате физичка продавница. Функционална, добро изработена и прилагодлива веб продавница Ви овозможува одлично и лесно управување со Вашето присуство на Интернет. На тој начин си овозможувате повеќе време и фокус да посветите на креирање одличен производ и одлична услуга за Вашите клиенти.

Зошто Ви е потребна интернет продавница?

Интернет продавницата може експоненцијално да ја зголеми продажбата и профитот на Вашиот бизнис. Веб продавницата ја има предноста да биде отворена, дваесет и четири часа на ден, седум дена во неделата без основните трошоци за физичка продавница. Ние креираме онлајн продавници кои се екстра функционални со лесен распоред и дизајн со цел вашиот бизнис има сè што е потребно за да процвета во светот на е-трговијата.

Веб продавница за сè!

Вашиот веб шоп може да се користи за продажба на речиси сè! Од физички предмети како облека или мебел, до услуги и дигитални производи, вклучително и курсеви преку Интернет. Истовремено на Вашата веб продавница ќе можете да креирате нови производи и да организирате нарачки за своите клиенти. И сето тоа на брз, лесен и едноставен начин.

Нудиме моќни платформи за онлајн купување

Без разлика дали имате еден или стотици производи, ние користиме алатки со кои го правиме управувањето со вашата онлајн продавница лесно и едноставно. Ги организираме Вашите производи во категории што вашите клиенти можат да ги сортираат, дури и да пребаруваат! Од друга страна, Вие на лесен начин можете секојдневно да додавате и отстранувате производи од Вашиот веб шоп.

Веб шоп со респонзивен дизајн

Со популарноста на паметните телефони и таблетите, повеќе корисници пристапуваат на Интернет преку нетрадиционални средства отколку кога било порано. Затоа ние користиме модерни техники за т.н респонзивен дизајн. Тоа значи дека Вашата интернет продавница ќе биде достапна онлајн, без разлика дали клиентите пребаруваат од мобилен телефон, таблет или десктоп.

Можеби ќе ве интересира