6 причини зошто ви е потребна веб продавница во 2024

Време на читање 1 мин

Онлајн продажбата е зголемена за 39% во 2024 година

Е-трговијата е индустрија во подем. Податоците од одредени истражувања покажуваат дека малопродажбата преку е-трговија низ целиот свет ќе се зголеми од 1,3 трилиони долари во 2014 година на 4,5 трилиони долари во 2024 година. Како сопственик на бизнис, важно е да останете на врвот на трендовите. Исто така е важно да се појавувате на пазарот каде што Вашиот бизнис има простор за пораст. Затоа сега е совршено време да отворите веб продавница за Вашиот бизнис.

Луѓето сè почесто пазарат онлајн

Во денешно време луѓето купуваат работи преку Интернет повеќе од кога било. Податоците покажуваат дека 80% од луѓето со пристап до Интернет извршиле онлајн купување, а 67% од милениумците (генерации родени приближно помеѓу 1980-тите и 1990-тите) претпочитаат да купуваат онлајн отколку во продавница. Од друга страна, потрошувачите сè почесто пазарат онлајн наместо во продавница како резултат на новата епидемија на коронавирус (КОВИД-19). Несомнено е дека Ковид-19 ја забрза транзицијата кон дигиталниот свет. Затоа побарајте понуда за сопствена онлајн продавница, и бидете пред конкуренцијата.

Интернет продавницата ви заштедува пари

Првичната инвестиција за основање на онлајн продавница е многу помала во споредба со онаа за формирање на физичка продавница. Доколку сте почетник или имате помал бизнис, ова секако е особено значајно за Вас. Со отварањето на онлајн продавница заштедувате на трошоците за изнајмување на просториите, реновирањето на просториите, мебелот и залихите. Од друга страна, трошоците и одржувањето на вашиот веб шоп, заедно со инвестициите во сите стратегии за дигитален маркетинг се само мал дел од цената во споредба со работењето со физичка продавница.

Вашата онлајн продавница е отворена за клиенти цело време

Интернет продавницата е отворена 24 часа на ден, 365 дена во годината, без потреба да ангажирате премногу луѓе за управување со продажбата. Благодарение на автоматските процеси, можете да се фокусирате на која било друга работа и задачи што ги имате при рака. Клиентите ги избираат производите, тие плаќаат, а уплатата ја имате на вашата сметка. Дури и потврдите за наплата се генерираат автоматски. Ако вашата цел е да ја зголемите продажбата, побарајте понуда за изработка на веб продавница што е можно поскоро.

Веб продавницата нема географски ограничувања

Ова е исто така една од најголемите причини зошто Вашиот бизнис има потреба од интернет продавница. Во суштина, со ваквата продажба не мора да се ограничувате на една специфична локација. Наместо тоа, можете да стигнете до вашиот целен пазар на меѓународно ниво, без да мора да отворите физичка продавница. Тука е уште подобро да поработите на позиционирањето на Google на вашата онлајн продавница со цел да ги достигнете потенцијалните клиенти каде и да се. Живееме во време кога скоро 80% од продажбата доаѓа од пребарување на Google.

Онлајн купување = задоволни клиенти

Можноста да купувате од кој било уред, без оглед дали станува збор за компјутер или телефон, е голема предност за оние кои не можат да одат на шопинг во текот на неделата или мразат преполни трговски центри за време на викендите. Ова е особено значајно во овој период во 2024 година, кога онлајн пазарењето е се поактуелно поради новонастанатата ситуација.
Со онлајн продавница, им нудите најголема можна удобност за Вашите клиенти, а со најмал напор од Ваша страна.

Можеби ќе ве интересира