7 чекори до нова веб страна

Време на читање 3-5 мин

Утврдување на таргет и цели

Во почетната фаза, во соработка со Вас ја идентификуваме крајната цел на дизајнот на веб страницата. Притоа ги спознаваме целите на Вашиот бизнис. Дали сакате да продавате производи и услуги? Или сакате да го подобрите брендирањето и едноставно да се преставите на Интернет? Ја истражуваме Вашата целна публика. Дали Вашата публика се тинејџери, деца или пак возрасни луѓе? Сите овие информации се неопходни за да се направи успешен веб развој на Вашиот бизнис.

Планирање

Во оваа фаза создаваме т.н нацрт за тоа како ќе изгледа Вашата веб страница. Притоа, креираме мапа на веб страната, односно која би била структурата на веб сајтот. Најважно од се е самата веб страница да биде лесна и едноставна за користење за Вашите клиенти. Со Ваша консултација го наоѓаме најдоброто решение кое ни овозможува да преминеме на следниот чекор.

Дизајн и развој на веб страна

За време на фазата на дизајнирање, Вашата веб страница се оформува. Целата визуелна содржина, како што се фотографии и видеа, е создадена на овој чекор. И повторно, овде се клучни сите информации што се собрани во текот на првата фаза. Во текот на креирањето на веб страната постојано ги имаме во предвид Вашите и барањата Вашата публика.

Содржина на веб сајтот

Содржината е клучна за секоја веб страница. Потребно е од Ваша страна да обезбедите содржина за Вашата веб страница, при што ќе ја напишете самата суштина на пораката што сакате да и ја соопштите на публиката. Понатаму, ние ќе ја земеме вашата содржина и ќе ја поставиме на секоја страница, така што Вашите клиенти најдобро и најлесно ќе разберат за Вашиот бизнис.

Тестирање на веб страната

Ова е рутински дел од процесот на развој на веб страна. Пред самата активација на веб страната, ги тестираме сите внатрешни страни, линкови и форми, вклучувајќи и правописни и други грешки при пишувањето. Во оваа фаза, вашата веб страница е тестирана за неколку работи, вклучително и

  • Брзина на веб-страница
  • Компатибилност на разлиични пребарувачи како Google Chrome, Opera, Safari
  • Тестирање на различни уреди како десктоп, лаптоп, таблет или мобилен телефон

Пуштање во употреба

Откако Вашата веб страна е тестирана и одобрена од Ваша страна, таа е подготвена да се пушти во употреба. Ние ќе ја завршиме целата техничка работа во овој процес – подесување на Вашиот хостинг и домеин и онлајн активација. Веќе Вашата веб страна е видлива за online публиката. Но овде не завршува процесот на изработка на веб страна. За успешна веб приказна, најдобро за Вашиот веб сајт е да го направиме за Вас и следниот чекор.

Одржување на веб страница и SEO оптимизација

Сега кога Вашата веб страна е активна, многу е значајно да се осигурате дека вашата страница работи со полн капацитет. Со редовно ажурирање и правилно одржување на вашата страница Ви овозможуваме безбедност и правилна работа на истата. Покрај тоа, за успешно работење на сајтот, спроведуваме SEO  оптимизација на веб страната. На овој начин се зголемува бројот на нови посетители на Вашата веб страница, се зголемува сообраќајот кон истата и многу повеќе. 

Можеби ќе ве интересира