Како да отворам интернет продавница?

Време на читање 2 мин

1. Кој може да отвори интернет продавница?

Без разлика дали сте физичко или правно лице, постојат различни правила за продажба преку интернет. Физичките лица можат да продаваат производи кои сами ги произведуваат или услуги кои ги вршат, додека правните лица имаат повеќе опции, вклучувајќи продажба на производи од други добавувачи, но со потребни договори и дозволи.

2. Кои се најдобрите опции за плаќање преку интернет?

Во Македонија, платежните системи може да се постават преку локалните банки, но и преку платформи како PayPal и Payoneer. И двете опции вклучуваат одредена провизија по трансакција. Битно е да се осигурате дека продавате легални и дозволени производи.

3. На кои платформи може да ја поставите вашата онлајн продавница?

Популарни платформи за поставување на е-продавница се WooCommerce, Shopify, и Squarespace. Платформите нудат различни опции за дизајн и функционалност, но за поддршка, сигурност и редовни надградби, често е потребна техничка поддршка од ИТ специјалисти. Сигурноста, подобрувањето на функционалностите, редовното освежување на продавницата и одржувањето на системот стабилен и брз бараат професионална поддршка, бидејќи вашата продавница е место каде што купувачите треба да се чувствуваат пријатно и безбедно.

4. Основни предуслови за стартување на е-продавница

За да започнете, ви требаат неколку клучни компоненти: домен адреса, хостинг, SSL сертификат, веб страна, и приклучок за поврзување со банка за процесирање на плаќања. Сите горенаведени компоненти ги обезбедуваме ние за вас, ваше е само да продавате и да профитирате!

5. Придобивки од сопствена онлајн продавница

Отворањето на е-продавница не само што ви овозможува да продавате 24/7, туку и да развивате свој бренд. Со текот на времето, можноста за изградба на лојална клиентска база е огромна, а трендовите покажуваат дека онлајн купувањето само ќе расте.

Побарај понуда за изработка на интернет продавница сега!

Можеби ќе ве интересира